ФСБ: Уапсени 4 лица кои подготвувале терористички напад

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила четири лица кои планирале да извршат терористички напад во Ставрополската област.

Loading...

„Како поддржувачи на идеологијата на украинските националистички организации, тие планираа да извршат терористички акт против еден од административните објекти во регионот“, пренесува Интерфакс.

При претресот на местата на живеење на уапсените, како и на скривалиштето во областа Предгорној во Ставрополската област, пронајдени и запленети се огнено оружје, експлозивни направи, компоненти за правење запаливи мешавини, како и литература за организирање масовни немири, соопшти ФСБ.

Уапсените се приведени, а против нив е поведена кривична постапка по член 205 од Кривичниот законик на Руската Федерација „терористички напад“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија