Кина воспоставила тајни полициски станици низ Европа

Сподели со своите пријатели

Кинеската влада е обвинета дека поставила најмалку две непријавени „полициски станици“ во Холандија, објави Би-Би-Си.

Loading...

Истрагата беше покрената со извештај насловен како „ inese Transnational Policing Gone Wild “ од невладината организација Safeguard Defenders со седиште во Шпанија.

Холандските медиуми пронашле докази дека единиците во странство кои обезбедуваат дипломатски услуги се користат за да се замолчат кинеските дисиденти во Европа.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата, а портпаролката на холандското Министерство за надворешни работи Максим Ховенкамп рече дека постоењето на неофицијални полициски станици е нелегално.

Според извештајот на организацијата, бироа за јавна безбедност од две кинески провинции формирале 54 „странски полициски сервисни центри“ на пет континенти и во 21 земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Швајцарец ја убил сопругата и го сомелел телото. „Татко ѝ ја пронашол главата во вреќа за ѓубре“

Повеќето од нив се во Европа, од кои девет во Шпанија и четири во Италија. Во Велика Британија две се пронајдени во Лондон и еден во Глазгов.

Кинеските полициски станици, наводно, биле основани за борба против транснационалниот криминал и за извршување на административни задачи како што е обновување на документите на граѓаните.

Safeguard Defenders тврди дека единиците се обидуваат да ги принудат оние за кои се сомневаат дека зборуваат против кинескиот режим да се вратат дома.

Loading...

Холандскиот медиум RTL Nieuws и порталот за истражувачко новинарство „Следете ги парите“ ја споделија приказната за Ванг Џингју, кинески дисидент кој рече дека бил прогонуван од кинеската полиција во Холандија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 сцени од поплавената Австрија кои изгледаат како крај на светот (ВИДЕО)

Ванг им кажа на холандските новинари дека претходно оваа година некој од полициската единица му се јавил.

За време на разговорот, како што тврди тој, му било кажано да се врати во Кина за „да си ги реши проблемите“.

Оттогаш, тој е цел на системска кампања на малтретирање, веројатно од агенти на кинеската влада.

Полициските единици како оние за кои ја обвинуваат Кина може да ги нарушат националните јурисдикции и заштитата на кинеските граѓани во странство, пишува „Јутарњи лист“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, во средата изјави дека она што се нарекува „странска полициска станица“ всушност е „странска сервисна станица за кинеските граѓани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шангај запре: Градот го зафати најголемата бура од 1949 година, евакуирани 400.000 луѓе

Бидејќи многу Кинези не можеа да се вратат во својата земја поради пандемијата на Ковид, беа основани „сервисни станици“, главно фокусирани на „физички прегледи и менување на возачките дозволи“, објасни Венбин.