Северна Кореја истрела две балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопштија денеска јужнокорејските воени претставници.

Loading...

Ракетите биле истрелани од областа Тонгчеон во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, четири дена откако Пјонгјанг и Сеул размениле предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии, пренесува Ројтерс.

„Нашата армија е во целосна готовност“, се вели во соопштението на јужнокорејската армија, истакнувајќи дека соработката со САД на полето на безбедноста е интензивирана.

Пјонгјанг претходно изјави дека неодамнешните ракетни лансирања се протест против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, за кои вели дека се проба за инвазија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Сеул и Вашингтон ги негираа тврдењата на Северна Кореја, додавајќи дека вежбите се одбранбени и потребни за да се спротивстават на заканите од Северот.

Минатата недела јужнокорејските трупи започнаа заеднички воени вежби со американската војска со цел зголемување на способноста за одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Од почетокот на оваа година, Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија, потсетува британската агенција.