Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:50 часот до 14:00 часот без напојување ќе бидат корисниците од Индустриска зона Речица и компаниите лоцирани на тој потег, како и селото Костурник.
Од 08:50 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Драган Стопаревиќ“, „Тоде Думба“, „3-та МУБ“, „Перо Шварц“, и „Васил Драгомански“.
Никола Ивановски