Шолц: Неприфатливо еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг партнер

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на официјалната посета на Атина оцени дека е неприфатливо Турција како членка на НАТО да го оспорува суверенитетот на Грција, која е и членка на алијансата.

Loading...

„Не е прифатливо еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг партнер“, рече Шолц во интервју за грчкиот весник „Та неа“.

„Тоа може да биде вистина доколку има повеќе или помалку прикриени воени закани“, рече Шолц, кој пристигна во Атина во средата вечерта и денеска го започна својот престој со посета на Акропол со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Грција и Турција имаат тензични односи, особено поради морското разграничување во источниот дел на Средоземното Море.

Во последниве години, тој спор повторно стана актуелен со обидите на Турција да ги истражи наоѓалиштата на јаглеводороди во тој дел од Медитеранот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција, членка на Европската унија, дека ги „окупирала“ островите во Егејското Море чиј статус е решен со договори усвоени по Првата светска војна.

Тензијата дополнително се зголеми за време на неформалниот европски самит во Прага на почетокот на октомври, кога Мицотакис ја напушти официјалната вечера за време на говорот на Ердоган.

„Добрососедските односи меѓу Грција и Турција се важни не само за тие две земји туку и за цела Европа“, изјави германската канцеларка пред средбата со Мицотакис.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)