Новиот јавен тоалет се наоѓа на шестиот кат во трговскиот центар Деџи Плаза во областа Џуанву, Кина.
Новиот јавен тоалет ги пречекува своите корисници во невообичаено дизајниран простор со многу растенија и простор за одмор. Дизајниран е од компанијата „H-Living“ од Шангај.
„Го смисливме проектот со надеж дека ќе и оддадеме почит на се пооддалечената пролет, под сегашната еколошка криза“, рече Ли Ксијанг, водечки дизајнер и основач на компанијата.
Црпејќи инспирација од природата, Ли ги трансформирал цвеќињата, растенијата и инсектите во апстрактни форми кои ја украсуваат внатрешноста на тоалетот.
Форми кои потсетуваат на пролетна градина, цвеќиња, растенија, инсекти беа пронајдени како дизајн на подот на тоалетната сала наречена „Сала со искуство“.
Црно-белите форми потсетуваат на крилја на пеперутка, таванот е позлатен со детали кои потсетуваат на пчели, а бели цветови „извираат“ од фонтаната во центарот на салата.
Дизајнерот користел зелени тапети кои привлекуваат око, кои се покриени со златна обвивка.
Од ѕидовите излегуваат богати палми и тропски растенија, додека светлосните тела инспирирани од цветни се обвиткуваат околу ѕидовите како ползавци.
Гостите имаат и дневна соба со кадифени софи, кои изгледаат како букет расцутени цвеќиња.
Автоматските врати и зелените мермерни мијалници инспирирани од градинарските фонтани се наоѓаат во близина на просторот посветен на децата и медицинскиот персонал.