Поради настанати дефекти во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија неколку села во кумановско-ликовскиот регион се без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за селата Матејче, Отља, Никуштак и Липково. Екипите на ЕВН се натерен и работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.