НОРВЕШКА: Уапсен научник на Универзитетот, обвинет дека работел за Русите!

Сподели со своите пријатели

Норвешката полиција уапси во градот Тромсо маж кој работел како научник, а за кој се сомничи дека е руски шпион, јавува Ројтерс повикувајќи се на норвешките медиуми.

Loading...

Уапсениот во понеделникот работел како научник на Универзитетот во Тромс и се претставувал како бразилски државјанин, но полицијата верува дека е Русин, објави денеска норвешката телевизија NRK, повикувајќи се на службата за безбедност на земјата.

Се вели дека тој е „закана за основните национални интереси“ и дека треба да биде протеран од Норвешка, се вели во изјавата на претставник на норвешката безбедносна служба, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емиратите потенцијален домаќин на средбата Трамп - Путин