Климатските промени им се закануваат на милијарди деца во светот, а стандардот на малолетниците не е подобрен во последната деценија, објави невладината организација KidsRights во својот годишен извештај, пренесува агенцијата Хина повикувајќи се на АФП.
Според една холандска невладина организација, пандемијата го направи својот данок врз малолетниците, кои понекогаш беа лишени од храна или лекови поради нарушувања во здравствениот сектор, при што умираат скоро 286.000 деца на возраст под пет години.
Организацијата секоја година ја објавува табелата „Индекс на правата на децата“ со рангирање на 185 земји според критериумите за усогласеност со Меѓународната конвенција за правата на детето, врз основа на податоците од Обединетите нации.
Исланд е водечки, Чад е поселедна
Првите места во пласманот за 2022 година ги заземаат Исланд, Шведска, Финска и Холандија, а на самото дно се Централноафриканската Република, Сиера Леоне, Авганистан и Чад.
Студијата од 2022 година „звучи аларм за сегашните и идните генерации деца“, рече Марк Дулаерт, основач и претседател на организацијата KidsRights.
„Брзите климатски промени денес ја загрозуваат иднината на децата и нивните основни права. Нема поголем напредок во подобрувањето на животот на децата во последната деценија, а освен тоа, пандемијата сериозно ги оштети нивните средства за живот“.
За прв пат во две децении, бројот на работните деца надмина 160 милиони, што е зголемување за 8,4 милиони во последните четири децении, според „Кидс Рајтс Индекс“, кој ја составил табелата со помош на Универзитетот Еразмус од Ротердам.
Минатата година Швајцарија беше на второ место, но годинава падна на 31. позиција „поради недоволната примена на принципот „интересот на детето е на прво место“ во одлуките што се однесуваат на децата“, велат од невладината организација.
Во извештајот беа именувани и други земји, на пример, Нигерија, која се најде на 175-то место поради високата стапка на смртност на жените при породување.