Вработените во Секторот за внатрешни работи куманово денеска беа дел од крводарителска акција која се одржа во полициската станица.
Loading...
На акцијата која траеше од 09:00 до 15:00 часот, како што информираат од полицијата, собрани се 60 крвни единици.
Крводарителската акција е трета, а воедно и последна, согласно годишниот план на Министерството за внатрешни работи, а беше организирана во соработка со Општинската организација на Црвен крст Куманово и Одделението за трансфузиологија.
Никола Ивановски