Со 26 точки на дневниот ред утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи 47-та седница на Советот на Општина Куманово.
Меѓу одлуките за кои треба да расправаат советниците ќе се најде и извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2015 година, но и предлог – програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2016 година.
Исто така меѓу точките е и програмата за за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ и програма за работа на ЈП „Пазаришта“– Куманово за 2016 година, како и предлог – решение за давање согласност на одлука за измена и дополна на одлуката за цени и услуги што ги пружа РЕ Механизација при ЈП „Водовод“.
Ќе се дискутира и по предлог – одлука за давање на согласност за аплицирање со проектот „Оддржливо искористување на природните ресурси во прекуграничен регион Куманово – Јокоруда преку програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014 – 2020“.
Исто така пред советниците ќе се најде и предлог – одлука за давање на согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за 2016 година за вработување на определено време на работници пожарникари во ТППЕ Куманово.