Членовите на Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – ЗАПВАРС Куманово денеска го посетија локалитетот “Воденица” во с.Белановце во Општина Липково на планината Карадак каде што се наоѓа споменикот подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 Октомври 1941г. во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи. Овој локалитет се наоѓа на многу непристапен терен, се до денес, беше целосно запуштен и заборавен од сите со децении.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски искажа голема благодарност до членовите на здружението ЗАПВАРС Куманово кои на сопствена иницијатива со помош на локалното население го посетија и исчистија овој локалитет, по што положија свежо цвеќе во чест на паднатите херои.
“Вечна им слава на паднатите борци, Боро Менков – Командант на одредот, Перо Георгиевски Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко, Наце Ивановски Буѓони” истакна Димитриевски.