Приведен 20-годишен крадец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник од Куманово бил приведен вчера откако во текот на денот украл паричник од сограѓанин.

Loading...

– На 13.10.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“ во Куманово извршил кражба на паричник од А.С., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следниот месец предлог проектите на општините на владина седница (ВИДЕО)