Франција е подготвена да ги принуди штрајкувачите да се вратат на работа

Сподели со своите пријатели

Француската влада денеска соопшти дека е подготвена да ги натера работниците кои штрајкуваат во Тотал Енерџи да се вратат на работа во магацините, бидејќи синдикатот CGT и компанијата продолжуваат да не постигнуваат договор за платите, продолжувајќи го повеќенеделниот штрајк што влијае на снабдувањето со гориво во земјата.

Loading...

„Доколку е потребно, ќе преземеме мерки за деблокирање на достапните резерви на гориво во складиштето во Данкерк“, рече министерката за енергетика Агнес-Паниер Рунахер, додавајќи дека се надева дека „работите меѓу CGT и TotalEnergy ќе се придвижат денес“.

Првите разговори меѓу раководството на компанијата и лидерите на синдикатот се одржаа во средата, но не успеаја да го прекинат штрајкот, а претставник на синдикатот денеска за Ројтерс изјави дека работниците ги поддржале протестите што ги погодија четирите рафинерии и складиштето за гориво во Данкерк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по четири години

Во исто време, Тотал Енерџи објави дека нема услови за преговори за платите со сите синдикати, бидејќи продолжуваат прекините на работата и разните блокади.

Француската нафтена компанија најави и дека на вработените ќе им исплати еднократен бонус.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави за радиото RTL дека TotalEnergy има „можност, а со тоа и должност“ да ги зголеми платите, додавајќи дека компанијата „доцни“ со отворањето на преговорите со синдикатите, имајќи предвид дека остварила голем профит.

Претставник на синдикалниот огранок во Есо Франс вчера изјави дека ќе продолжи и прекинот на работата со кој се блокирани две рафинерии.

Поради двонеделните штрајкови, кои предизвикаа пад на производството на бензин во Франција за повеќе од 60 отсто, секоја трета бензинска пумпа се уште има проблеми со снабдувањето со гориво.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)