Германија и сојузниците купуваат ПВО системи од Америка

Сподели со своите пријатели

Германија и 13 сојузници на НАТО денеска потпишаа писмо со намери за заедничка набавка на системи за противракетна одбрана во категорија како што се израелскиот „Стрела-3“ и американскиот „Патриот“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Церемонијата на потпишување се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Земјите потписнички се Германија, Велика Британија, Словачка, Норвешка, Летонија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Чешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија и Словенија, наведува британската агенција.

Германија најави дека „во наредните години значително ќе инвестира во воздушната одбрана во рамките на НАТО.

Според зборовите на германскиот канцелар Олаф Шолц, таа ќе ја дизајнира оваа идна противвоздушна одбрана уште од самиот почеток на таков начин што ако сакаат да бидат вклучени и нејзините европски соседи, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст по одлуката на ФЕД да ги намали каматните стапки