Продолжува изградбата на пругата Куманово – Бељаковце

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ ја известува јавноста дека продолжува реализацијата на проектот „Реконструкција и изградба на Железнички коридор 8, делница Куманово – Бељаковце“.

Loading...

Како што информираат од ЈП, мобилизирањето на градилиштата и подготвителите работи се во тек и наскоро се очекуваат интензивни градежни активности.

До јавноста апелираат на разбирање.

– Се апелира на разбирање и толеранција на промените кои ќе настанат во опкружувањето и поголема внимателност при движење во близина на градилиштата, стои во соопштението.

Изведувач на градежните работи е Штрабаг од Австрија, а надзорот ќе го врши ИРД Инжинеринг од Италија.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ континуирано ќе ја известува јавноста за напредокот на проектот, се додава во соопштението.

Никола Ивановски