Западен Балкан е важен за НАТО, ние сме таму долги години, многу години сме присутни на Балканот, помогнавме да се стави крај на две брутални војни во текот на деведесеттите години на минатиот век, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска во Брисел.
Тој го кажа ова како одговор на прашањето на Танјуг за тоа како гледа на ситуацијата на Западен Балкан за време на војната во Украина.
„Ние, НАТО, имаме мисија на КФОР во Косово, имаме штаб во Сараево, тесно соработуваме со ЕУ. НАТО работи на обезбедување безбедност и слобода на движење, и помага на ЕУ во Косово во дипломатските напори во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Работиме и со ЕУ во Босна и Херцеговина. Имаме членови од Западен Балкан во нашите редови, Северна Македонија и Црна Гора. Затоа, Западен Балкан е важен и ќе продолжиме да бидеме фокусирани на тој регион“, посочи Столтенберг.