ЗПЗП „Козјак 2013“ организира традиционална акција за „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Здружението за планинарење и заштита на планината ,,Козјак 2013″ претстојната недела ќе ја изведе традиционалната клупска акција на матичната планина Козјак по повод националниот празник 11 Октомври.

Loading...

Годинава акцијата ќе биде во селото Кокино кај познатата мегалитска опсерваторија од каде има поглед на целиот северен регион.

Акцијата ќе започне во 8 часот од борова шума во селото Жегљане,каде има место за паркирање, а оние кои не го знаат патот, може да дојдат во 7 часот пред ресторан ,,Жмара” на булеварот „Октомвриска револуција” за заедничко тргнување.

– Од појдовната точка кај боровите се спушатаме кон река Бистрица , која често во сушен период речиси пресушува, значи проодна е, а патот води низ мешана шума. Се качуваме кон селото Малотино и околу 11 часот до врвот Вирови (околу 1.200 м.н.в.) каде се прави поголема пауза за закуска, одмор, форотрафиање, појаснуваат од здружението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе субвенционира трошоци за комунални услуги

На спуштање од врвот акцијата продолжува кон селото Кокино, а попатно се прават пократки паузи по потреба.

– На крај кај самата карпа има поголема пауза и сите заедно најдоцна до 15 часот тргнуваме накај местото наречено Крст, над селото Кокино, каде има место и за паркирање и која е завршна точка на акцијата. Значи, патеката е кружна, со напомена дека колите се оставаат кај Жегљане и на ваќање од Кокино до колите има околу 3 км пешачење по асфалт, а оние кои ќе дојдат со комбе, во договор со возачот, ќе можат да си тргнат од завршната точка Крст кај Кокино, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИБРИГ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (ФОТО)

Патеката е уредена и средно тешка, долга околу 16 километри, но нема вода на истата, затоа од ЗПЗП „Козјак 2013“ апелираат до учесниците да понесат доволно за сопствени потреби.

– Исхраната е од ранец, опремата е според временските услови, задолжително гојзерки, а не патики, превентивно кабаница и на акцијата ќе има водичи кои ќе се грижат за реализацијата на целата акција. Доколку времеските услови се непогодни за нашата акција, истата ќе биде одложена и ќе бидете навремено известени, иако засега временските услови се оптимални, велат организаторите.

Loading...

Пријавувањето трае до петок (14.10. 2022) на телефонските броеви: 070 603 344 (Стево) и 078 296 302 (Зоран).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен повик за бесплатен оброк за ранливи категории на граѓани во Куманово

Никола Ивановски