По повод 11 Октомври, Денот на народното востание денеска на Спомен костурница во Куманово пригодно се одбележа 81 година од Денот на борецот.На свеченоста присуствуваа бројни делегации, кои положија свежо цвеќе, оддавајќи им достојна почит на паднатите борци и херои во борбата за слобода на македонскиот народ: Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, градоначалник на Општина Куманово, на претседателот, Владата и Собранието на РСМ, на Генерал штабот на АРМ и Министерството за внатрешни работи на РСМ, општински основни и средни училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии. Со пригодна реч се обратија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Свеченото одбележување беше збогатено и со кратка културно-уметничка програма.
За првпат во историјата на Куманово, на покана на Градоначалникот Максим Димитриевски, на спомен обележјето на Спомен Костурница во чест на борците од НОБ свежо цвеќе положи делегација од Република Бугарија, од фондацијата Интернационална Бугарија и Општина Скове, во состав од Нина Копринаџиска, заменик градоначалник на Своге, Р Бугарија, Цветослава Петкова, Директор за меѓународни односи, Град Своге, Р Бугарија и Јаков Џераси, претседател на Фондација Интернационална Бугарија (Foundation Bulgaria International). Фондација Интернационална Бугарија се занимава со прашања поврзани со Еврејската заедница, како и прашања поврзани со студии, земјоделство и медицина.