Кумановци нападнале полицајци пред угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Тројца кумановци биле приведени викендов откако физички нападнале полициски службеници пред угостителски објект.

Loading...

– На 09.10.2022 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(24), А.П.(24) и Д.Л.(23), сите од Куманово, затоа што пред угостителски објект во Куманово физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист тешко повреден на патот кон ГП Белановце