Северна Кореја потврди дека извршила тестови на тактичко нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Лансирањето проектили на Северна Кореја во последните недели беа тестови на тактичко нуклеарно оружје и способност да „погоди и уништи“ потенцијални јужнокорејски и американски цели, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција KCNA, наведувајќи дека симулациите на тактичките нуклеарни напади биле лично надгледувани од државниот лидер Ким Џонг Ун.

Loading...

„Единиците на Корејската народна армија задолжени за употреба на тактичко нуклеарно оружје одржаа воени вежби од 25 септември до 9 октомври за тестирање на способностите за нуклеарно одвраќање и контранапад на земјата“, соопшти КЦНА.

Агенцијата објави дека тестовите се одговор на неодамнешните заеднички американско-јужнокорејски маневри во регионот, оценувајќи дека таквото однесување на САД и Јужна Кореја дополнително ги влошува тензиите во регионот и истовремено претставува отворена воена закана“ за Северна Кореа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Северна Кореја ги смета заедничките американско-јужнокорејски вежби за потенцијална закана и вежба за инвазија, иако САД и Јужна Кореја постојано изјавија дека тие се одбранбени по природа.

Северна Кореја истрела седум проектили во изминатите две недели, што беше „симулација на вистинска војна“, додаде КЦНА.

„Ким Џонг Ун, генерален секретар на Работничката партија на Кореја и претседател на Централната воена комисија, ги водеше воените вежби“, соопшти државната новинска агенција.

Во време кога разговорите за нуклеарното разоружување на Северна Кореја одамна се во застој, Пјонгјанг го зголеми бројот на тестови на оружје од почетокот на годината.

Северна Кореја минатата недела истрела балистичка ракета над Јапонија, за прв пат по пет години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Многу експерти проценуваат дека Северна Кореја ги завршува подготовките за нова нуклеарна проба, која би била седма во нејзината историја и прва од 2017 година.