Цената на суровата нафта со нов рекорден пад во историјата

Сподели со своите пријатели

Ценатана американската сурова нафта повторно падна со што достигна најниско можно ниво во последните 12 години, со што е на прагот од 28 долари, соопштува афенцијата „Франц прес“.

Точната моментална цена за барел сурова нафта изнесува 27,92 долари, по што малку се зголеми во азиската електронска сесија. Последната цена на лесната сурова нафта на американската берза во износ од 28 долари за барел била во септември 2003 година.

Меѓународната агенција за енергетика во својот извештај посочува дека цената на нафтата допрва ќе паѓа во текот на оваа година, затоа што понудата значително ја надминува побарувачката.

Една од главните причини за најновите падови на цената секако ќе биде враќањето на Иран на глобалниот пазар, но во голема мера се уште не е забележан овој фактор во целост.