Нова „експлозија“ на коронавирусот во Австрија

Сподели со своите пријатели

Во Австрија има значително зголемување на бројот на заразени со коронавирус, што укажува дека есенскиот бран е во полн ек.

Loading...

Така, во средата се регистрирани 17.882 нови инфекции, што е најголема вредност во последните шест месеци.

И покрај помалиот број на тестови, повеќе од 124.000 луѓе во моментов се активно заразени со вирусот Ковид19.

Седумдневната инциденца во Австрија е 989,2, а во исто време болниците повторно почнаа да се полнат.

Во изминатите 24 часа бројот на хоспитализирани лица заразени со корона е зголемен за 6,5 отсто.

Во моментов се хоспитализирани 1.985 пациенти со Ковид, што е за 592 повеќе од пред една недела.

Конзорциумот за прогнозата на КОВИД пресметува дека наскоро ќе има дополнително значително зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти, односно во следните две недели ќе пресметаат раст од 52 проценти.

Додека министерот за здравство Јоханес Рауч смета дека нема причина за заострување на мерките за коронавирусот, властите на градот Виена веќе разговараат за враќање на мерките како што е обврската за носење маски, за што се залагаат експертите.

Loading...