Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.
Ова лансирање ракета, што предизвика Токио да го активира системот за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Шарл Мишел во пораката на Твитер.
„Европската унија стои во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.
Медиумите во источна Азија денеска јавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан.