Ураганот Иан повторно засили откако ја помина Флорида (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иан, кој ослабе до тропска бура откако ја опустоши Флорида, сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час.

Loading...

„Иан може малку да зајакне пред да падне утре, по што се прогнозира брзо слабеење над југоисточниот дел на САД од петок до сабота“, се додава во извештајот на центарот со седиште во Мајами.

Се очекува Иан да падне на копно околу 14 часот по локално време во петок, северно од Чарлстон.

Издадено е предупредување за ураган за крајбрежна област долга околу 370 километри, од границата на Јужна Каролина и Џорџија сè до Кејп Феар во Северна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер ги повика жителите да ги „преземат неопходните мерки“ и предупреди на можноста од поплави, лизгање на земјиштето и торнада.

„Бурата е сè уште опасна“, рече Купер.

Ураганот Иан ја погоди Флорида во средата попладне како ураган од четврта категорија, со максимални ветрови од 150 милји на час.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот во седиштето на Федералната агенција за управување со вонредни состојби дека ураганот Јан може да биде „најсмртоносниот“ ураган во историјата на Флорида.

Loading...

„Сè уште не се познати точните податоци, но според првите извештаи што ги слушнавме, бројот на загинати може да биде значителен“, рече Бајден.