Два милиони луѓе без струја во Флорида

Сподели со своите пријатели

Повеќе од два милиони домови во Флорида се без струја поради оштетување на електричната мрежа предизвикана од ураганот Иан.

Loading...

Во САД немало жртви од ураганот, но брод со 23 кубански мигранти потона вчера источно од Ки Вест.

Тројца мигранти се спасени од морето, четворица допливале до брегот, а американската крајбрежна стража продолжува да трага по останатите.

Пред Флорида, ураганот Иан ја погоди Куба, каде што исто така предизвика прекин на електричната енергија и две лица го загубија животот, пренесе Бета.

Според локалните власти, речиси секој дом и бизнис во три окрузи на Флорида вчера останале без струја.

Во југозападна Флорида луѓе останаа заробени во поплавените домови, а оштетен е и покривот на болницата во Порт Шарлот.

Ураганот Иан стигна до Флорида како ураган од четврта категорија. Вечерва невремето ослабе до прва категорија со ветрови од 144 километри на час, но денеска се очекуваат нови бранови на североистокот на Флорида.