„Некои можеби се шокирани, но политичарите се луѓе и имаат приватен живот“.
Со овие зборови германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја бранеше финската премиерка Сана Марин од критики поради видеата од забави кои протекоа во јавноста и станаа тема на медиумите ширум светот.
„Сакам и музика и танц“, изјави Бербок во Копенхаген и додаде дека кога била на одмор отишла на рок концерт.
На видеата се гледа како Марин танцува и пее со другарките.
Поради шпекулациите дека на забавата пред две недели имало дрога, таа направи и тест. Резултатот беше негативен.
Многу политичари во Финска и Германија ја поддржаа Марин.
Жена политичарка од Зелените објави видео од 2018 година на кое се гледа како танцува на партиски митинг – покрај Бербок.