Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судијата да ја замрзне истрагата на Министерството за правда за досиејата запленети од неговата резиденција во Мар-а-Лаго.
Loading...
Во тужбата, неговиот правен тим побара да се назначи независен бранител кој ќе ги надгледува документите запленети од агентите на ФБИ претходно овој месец.
Да потсетиме, Трамп е под истрага за поседување тајни документи, поточно 11 комплети такви документи.
Американските претседатели мора да ги предадат сите свои документи и е-пошта до Националниот архив.
ФБИ истражува дали Трамп неправилно постапил со документите откако ги однел од Белата куќа во Мар-а-Лаго.