Тројно се зголемил бројот на баратели на азил во Австрија

Сподели со своите пријатели

Тројно се зголемил бројот на поднесени барања за азил во Австрија во првите седум месеци, во однос на истиот период лани.

Loading...

До крајот на јули 41.909 лица поднеле барање за азил во Австрија, а 90 отсто од апликантите биле мажи.

„Поголемиот дел мора да се врати“, вели министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Се проценува дека Австрија може да се соочи со околу 60.000 барања за азил оваа година, што е втор најголем број во последните две децении.

Имено, само во 2015 година поради мигрантскиот бран имало повеќе, 88.340 барања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

За споредба, лани 39.930 лица поднеле барање за азил во Австрија.

Инаку, една четвртина од барателите на азил, односно 10.314 лица, не чекале да се реши барањето, туку заминале во друга земја, пренесува Танјуг.

Во бројот на поднесени барања за азил не се вклучени бегалците од Украина.

Loading...

Тие спаѓаат под директивата на ЕУ за „привремена заштита“ и имаат право да престојуваат и да работат легално во Австрија една година.

Во Австрија моментално живеат околу 80.000 Украинци, од кои само 530 побарале азил.

Кога станува збор за земјите на потекло во јули, Индија ја предводи листата со 2.113 граѓани кои побарале азил во Австрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведскиот премиер: Пукањето во училиште е најлошото во историјата на земјата

На второ место е Авганистан (2.081), а трет е Тунис (1.765).

Индијците и Тунижаните немаат речиси никакви шанси да добијат азил.

Кога станува збор за листата за првите седум месеци, предничат авганистанските државјани со 9.407 поднесени барања за азил.

На второ место се Сиријците (8.175), Тунис (5.575), Пакистан (4.594), Индија (4.134), Мароко (2.147), Турција (1.906), Сомалија (906), Египет (571).