Авганистан: Поплавите однесоа најмалку 20 животи

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 луѓе ги загубија животите во поплавите во централен Авганистан во изминатите 48 часа, соопшти денеска Управата за управување со природни катастрофи, додека обилните врнежи уништија неколку илјади домови и уништија земјоделски добра.

Loading...

Земјата оваа година се соочува со природни катастрофи, вклучувајќи големи суши и силен земјотрес од јуни, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

Портпаролот на авганистанската управа за управување со природни катастрофи, Мохамад Насим Хакани, изјави дека 20 лица загинале, а 35 се повредени поради поплавите во провинцијата Логар, пренесе Ројтерс.

Неофицијалните извештаи укажуваат дека бројот на жртвите е многу поголем, додава британската новинска агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарија воведува закон по примерот на Русија, црна листа за невладините организации

Талибанската влада, која ја презеде власта минатиот август, се бореше да се справи со катастрофите и побара помош од меѓународната заедница.

„Бараме од меѓународната заедница, особено од исламските земји, како и од хуманитарните организации, веднаш да им помогнат на жртвите“, рече портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид.