Ирак: Повеќе мртви во лизгање на земјиште

Сподели со своите пријатели

Ирачките спасувачки служби очајнички трагаат по преживеани затрупани под урнатините откако лизгање на земјиште погоди шиитско светилиште, при што загинаа најмалку четири лица.

Loading...

Официјалната ирачка новинска агенција ИНА, повикувајќи се на службата за цивилна одбрана, објави дека четири тела биле извлечени од урнатините на храмот на Катарат ал Имам Али во провинцијата Карбала во централен Ирак, пренесува Ал Џезира Инглиш.

„Пронајдовме четири тела, меѓу кои и една жена“, изјави претставникот на цивилната заштита Абделрахман Џавдат.

Помеѓу шест и осум аџии биле заробени во храмот, изјави портпаролот на цивилната одбрана Навас Сабах Шакер.

Светилиштето на Катарат ал-Имам Али се наоѓа во западната пустина, на околу 28 километри од центарот на светиот град Карбала.

Првичните информации говорат дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од влага, се вели во соопштението на службата за цивилна заштита.