Пакистан: Поранешниот премиер пријавен за тероризам

Сподели со своите пријатели

Пакистанската полиција го пријави и го обвини поранешниот премиер на земјата Имран Кан според антитерористичките закони.

Loading...

Нивната истрага доаѓа откако тој ги обвини полицијата и судството за приведување и тортура на негов близок соработник.

Тензиите се високи во земјата, при што поддржувачите на поранешниот лидер се собраа пред неговата куќа, ветувајќи дека ќе го „заземат“ градот доколку тој биде уапсен.

Откако беше соборен од власт во април, Кан беше гласен критичар на пакистанската влада и војска.

Полицијата ги објави обвиненијата откако Кан, поранешен играч на крикет, ги обвини властите за мачење на негов близок соработник, кој и самиот беше приведен под обвинение за бунт.

Во јавен говор во саботата, Кан го осуди началникот на полицијата во Исламабад и една жена судија за притворањето и наводното малтретирање на неговиот партиски колега.

„Треба и вие да се подготвите бидејќи ќе преземеме мерки против вас“, рече тој во својот говор, мислејќи директно на началникот на полицијата и судијата, пренесува Би-Би-Си.