Неделна прогноза за Куманово: Кога ќе престане дождот?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце, но и за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 26 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

Во среда ќе имаме претежно облачно време, но се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Четврток веќе носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

 

Loading...

 

Претежно сончево време ќе имаме и во петок, со слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 28 степени целзиусови.

Сабота исто така носи претежно сончево време, со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 27.

Во недела ќе имаме променливо облачно време со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 16 степени, до максимални 27 во текот на денот.

 

 

Сончево и суво време, но со температури под 30 степени ќе биде времето во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски