Од денеска Македонија под влажен и нестабилен бран

Сподели со своите пријатели

Од денеска до средината на следната седмица, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално, повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 l/m 2 ) за кратко време кои можат да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, како и да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолицте во текот на наредните денови, велат од УХМР.

Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Од утре температурите значително ќе опаднат.

Никола Ивановски