Нов помор на риби во кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Повторно е регистриран помор на риби на вливот на река Кумановка со Пчиња под Искрин Мост, соопштија надлежните од Државниот инспекторат за животна средина.

Loading...

 

 

Поморот, како што наведуваат од инспекторатот го пријавиле рибарите. Бојата на реката била видно заматена соопштуваат надлежните.

– На самото место при првичниот увид бил присутен директорот на ДИЖС м-р Сретен Стојковски при што во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по пречистителна станица за третман на отпадни води во село Доброшане, а направени се и фотодокументација и видеоснимки од страна на неколкуте присутни рибари. Реализиран е и контакт и со директорот на ЈП Водовод Куманово кој беше присутен на локацијата, а по неговото пристигнување ДИЖС е информиран дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција. Мострите вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина заради лабораториски анализи, соопштија од инспекторатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

 

Loading...

 

Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија Крива Паланка направил вонреден инспекциски надзор при што е подготвен записник за констатација и врз основа на анализите ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции.

 

МИА