Венецуела домаќин на воени игри со земји пријателски на Русија

Сподели со своите пријатели

Венецуела е домаќин на „Снајперска граница“, меѓународните воени игри во 2022 година, натпреварување организирано од Русија од 2015 година, а меѓу другите учествуваат Кина, Иран, Индија, Куба и Мјанмар.

Loading...

Свеченото отворање, чиј дел синоќа во живо го пренесуваше венецуелската јавна телевизија, се одржа со голема помпа, паради, песни и говори на северозападот на земјата.

Ова е првпат Венецуела, која одржува блиски односи со Русија, да биде домаќин на натпреварот на овие годишни игри, на кои се собираат околу 30 земји, вклучувајќи го и грузискиот сепаратистички регион Абхазија, кој е признаен од неколку земји блиски до Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат

Венецуела, која е предмет на економски санкции, особено од Вашингтон, кој не го признава реизборот на претседателот Николас Мадуро, во последните години се зближи со Иран и Кина.

„Целта и духот на овие игри е повеќе да се обединат културите и народите“, отколку да се покажат воените вештини, рече венецуелскиот министер за одбрана, генерал Владимир Падрино Лопес.