Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Во попладневните часови е можно зголемување на облачноста што ќе донесе нестабилност проследена со дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 30 степени целзиусови.
Од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот, велат од УХМР.
Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок.
Никола Ивановски