Продолжува изградбата на смарт парк во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат градежните активности во градскиот парк во Куманово каде се работи на негова целосна реконструкцијa.

Loading...

 

 

Реконструкцијата треба да го претвори овој локалитет во модерен и и урбан смарт парк со реквизити за забава, спорт и рекреација, појасни денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Во рамките на реконструкцијата ќе бидат поставени нови пешачки патеки, смарт клупи, нови канделабри, ново детско катче, простор за домашни миленици, нов спортски терен, фонтана, паркинг простор и платформа за одржување настани.

 

 

– Заедно го градиме новиот урбан лик на Куманово, напиша Димитриевски.

 

 

Loading...

Изградбата на паркот започна во март годинава. Чини 11,2 милиони денари, а изведувач на градежните активности е компанијата КООП инжинеринг.

 

 

Изградбата на Смарт парк се спроведува преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“.

Никола Ивановски