Најмалку 31 лице загина во поплавите во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Обилните дождови во северен Авганистан предизвикаа поројни поплави во кои загинаа најмалку 31 лице.

Loading...

17 лица се повредени, а десетици се водат како исчезнати, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на државната новинска агенција на Талибанците.

Новинската агенција Бахтар јави дека поплавите се случиле вчера во северната провинција Парван, а меѓу загинатите има жени и деца, пишува Вашингтон пост.

Според денешниот извештај, најмалку 100 лица се уште се водат како исчезнати, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Поплавите однесоа десетици куќи во трите погодени области во Парван, провинција опкружена со ридови и сè поподложна на поплави и обилни дождови.

Локалниот метеоролошки оддел соопшти дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи во поголемиот дел од Авганистан.

Во поплавите низ земјава во јули годинава животот го загубија 40 лица, а во јуни 19, пишува весникот.