Ким Џонг Ун: Соработката меѓу Русија и Северна Кореја ќе биде се посилна

Сподели со своите пријатели

Русија вети дека ќе ги прошири своите „обемни и конструктивни“ билатерални односи со Северна Кореја, рече Владимир Путин.

Loading...

Како што пренесува Би-Би-Си, во писмото што Путин му го испратил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по повод Денот на ослободувањето што го слави Пјонгјанг, рускиот лидер рекол дека тој потег е во интерес на двете земји.

Ким Џонг Ун рече дека пријателството меѓу Русија и Северна Кореја се зацврсти во Втората светска војна, со победата над Јапонија.

Тој додаде дека нивната соработка само ќе расте и зајакнува.

Според севернокорејските медиуми, Ун додаде дека „стратешката и тактичката соработка, како и поддршката и солидарноста“ меѓу Москва и Пјонгјанг достигнаа ново ниво, на „заедничкиот фронт против воените закани и провокации на непријателските сили“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат

Иако не е прецизирано за кои непријателски сили се мисли, терминот постојано се користи во Пјонгјанг за да се однесува на САД и нивните сојузници.