Туристите кои се релаксирале на плажата во туристичкото место Палиури во Грција биле изненадени од огромно торнадо кое брзо се формирало недалеку од брегот, токму пред нивните очи.
Глетката била навистина за паметење.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа пијавица со застрашувачка големина.
Како што е објаснето, оваа појава се јавува во денови на голема топлина и влажност и претставува вител помеѓу олујниот облак и површината на морето.
Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.
Είπαμε σαν τη Χαλκιδική δεν έχει… και μας έπιασε στο στόμα του ο ακατανόμαστος! Από Παλιούρι το βίντεο μου το έστειλε παρέα φίλων και με ενημέρωσε ότι αρχίσαν τα ευχέλαια να ξορκίσουν τον υδροστρόβιλο και να τον στείλουν πουθενά που θα πιάσει τόπο! #υδροστροβιλος pic.twitter.com/SjOYx5bIbh
— Stefanos Damianidis (@dstefanos) August 14, 2022
Глетката ги преплашила
Бројните туристи кои ја фотографирале оваа необична глетка биле преплашени од торнадото, иако тоа не е необична појава.
Снимката на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари.
„Изгледа како чудовиште“, гласеше еден од коментарите, а имаше и такви кои се пошегуваа и коментираа дека „вонземјаните земаат вода“.
#Χαλκιδικη #ΕΛΛΑΔΑ #υδροστρόβιλος #καιρος #Weather #meteo #WaterSpout pic.twitter.com/UX7YwSNXZc
— Meteo24news.gr (@Meteonews_gr) August 14, 2022