Пет лица загинаа во експлозија чија причина сѐ уште не е позната во неделата во Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти во понеделникот Министерството за вонредни состојби на кавкаската земја.
Жртвите се еден маж и четири жени, прецизира Министерството во соопштението, нагласувајќи дека потрагата и спасувањето траела цела ноќ.
Според Министерството, повеќе од 60 лица се повредени во експлозијата, а 19 се сметаат за исчезнати.
🔴 #ULTIMAHORA
🇦🇲 Se ha producido una gran explosión en el centro comercial Surmalu en #Ereván, capital de #Armenia.👉 Por el momento se desconocen los motivos. pic.twitter.com/sCc5CN5iEm
— Open Analytica (@Open_Analytica) August 14, 2022
Генералното обвинителство во понеделникот во ноќта објави дека отвора истрага за „повреда на правилата за складирање на запаливи производи“ и „повреда на правилата за заштита од пожари“ што довела до смрт на неколку лица поради „негрижа“.
Засега не е позната причината за експлозијата што се случи во областа околу големопродажниот пазар Сурмалу.
Тоа место традиционално привлекува голем број луѓе во недела.
Дел од медиумите, повикувајќи се на сведоци, објавија дека експлозијата се случила на местото каде што се чуваат пиротехнички средства.
Експлозијата предизвика уривање на зграда.
Blast in Erevan. Report on @wargonzoo pic.twitter.com/UWd1sc64AG
— Tears of oppressed (@ZZZZZZZZZA0) August 14, 2022