Од полноќ нова цена на горивата

Сподели со своите пријатели

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Loading...

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе остане 90 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС 52,786 денари за килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32-годишен кумановец приведен за издржување затворска казна

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 4,114 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,263, кај екстра лесното масло во просек за 3,513, а кај мазутот има намалување во просек за околу 1,29 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за околу 0,005 отсто.