Уапсен четвртиот член на терористите на ИСИС „Битлси“.

Сподели со своите пријатели

Британецот Ајн Дејвис, осомничен дека е четвртиот член на терористичката ќелија позната како „Битлси“ на ИСИС, е уапсен во средата во Велика Британија под обвинение за тероризам, јавуваат британските медиуми.

Loading...

Полицијата потврди дека мажот (38) бил приведен на аеродромот Лутон во средата, откако пристигнал со лет од Турција, каде што бил осуден за тероризам, објавија повеќе британски медиуми, вклучително и Би-Би-Си.

Наречен „четвртиot Битлси“, Дејвис е осомничен дека е член на банда лондончани за кои се вели дека е одговорна за киднапирање на заложници на Исламска држава во Сирија, обезглавувајќи ги некои од жртвите пред камера пред да ги објави видеата на интернет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БИЗАРОЗНО! Го убила сопругот, па на Фејсбук се допишувала со луѓе во негово име

Дејвис е обвинет дека бил дел од ќелијата на киднапери и убијци на ИД која киднапирала десетици странци во Сирија во периодот од 2012 до 2015 година.

Заложниците ѝ дале прекар на џихадистичката група „Битлси“ поради нивниот британски акцент.

Полицијата, која се занимава со истраги за тероризам во Велика Британија, објави дека уапсила маж кој моментално е „во полициски притвор“, без да го именува.

Во меѓувреме, портпаролот на МВР преку соопштение објави дека британскиот државјанин е депортиран од Турција во Обединетото Кралство, но дека „не е соодветно да се даваат дополнителни информации бидејќи е во тек полициската истрага“.

Би-Би-Си објави дека се верува дека ќелијата на Битлси се состоела од четири члена – сите пораснати во западен Лондон.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставничкиот дом не го усвои републиканскиот предлог за финансирање на американската влада

Тие доброволно се пријавиле да се борат за ИД во Сирија и завршиле како чувари на западните заложници.

Американските власти соопштија дека групата убила 27 заложници, обезглавувајќи неколкумина.

Пред да се радикализира, Дејвис имал пресуди за дрога и бил затворен во 2006 година за поседување огнено оружје.

Откако го прифатил исламот, го сменил името во Хамза и го запознал Мохамед Емвази, кој медиумите го добиле со прекарот Џихади Џон.

Двајцата биле дел од групата која ги радикализирала муслиманите кои живеат во Лондон.

Дејвис ја напушти Велика Британија за да се приклучи на ИД во 2013 година. Тој бил уапсен во близина на Истанбул во 2015 година и осуден од турскиот суд две години подоцна за учество во терористичката организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Челникот на Мајкрософт: Најопасниот момент за претседателските избори во САД е 48 часа пред тоа

На судењето Дејвис признал дека го познавал Емвази од молитвата во истата џамија во западен Лондон, но негираше дека е негов пријател и дека е член на „ИД Битлси“.

Водачот на ќелијата, Мохамед Емвази, познат како Џихади Џон, беше убиен во Сирија во напад со беспилотно летало во 2015 година.

Loading...

Други двајца членови на групата се во американски притвор откако беа заробени од курдските сили во Сирија во 2018 година.