Попладне услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец.

Loading...

Утрово е сончево, во северните делови со умерена, наместа и зголемена облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  The Solution брилираа на „Макфест“ и се пласираа меѓу најдобрите пет (ВИДЕО)

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени.

 

Loading...

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови. Попладне се очекува зголемување на облачноста и нестабилност со врнежи од дожд и грмежи.

Температурата низ кумановско денеска ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 29 во текот на денот.

 

 

Според УХМР, до недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Населбата Карпош и низа кумановски села во вторник без струја

Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината.

 

Никола Ивановски