Утре без струја повеќе делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови во Куманово и околните села утре ќе бидат без електрична енергија, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Од 07:30 часот без електрична енергија ќе бидат селото Речица, корисниците од Козјак менза, населбата Средорек, „Фемикс“, месноста Прмакови Ниви, дел од улицата „Доне Божинов“, аеродромот „Аџитепе“, Кланица „Црн бик“, Бетонска база, „Квалитет пром“, Индустриска зона Речица, селото Костурник и околината.

Во период од 09:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улицата „Вера Јоциќ“, како и дел од улиците „Сава Ковачевиќ“ и „Србо Томовиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Населбата Карпош и низа кумановски села во вторник без струја

Денеска пак во период од 08:30 до 10:30 часот прекини ќе има во атарот на селото Старо Нагоричане, во маалото Карашутовци.

Никола Ивановски