Флорида: Тројца мртви во заложничка ситуација со пукање

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа во пукање и заложничка криза на собир на наркотиците анонимни во Флорида, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Полициските службеници одговориле на пријавата синоќа дека маж бил застрелан и жена земена како заложник во Еџвотер, во близина на плажата Дејтона, пренесува АП.

Другите кои присуствуваа на собирот успеаја да избегаат од канцелариите на невладината Буди Мост, непрофитна организација која им помага на бездомниците и наркозависниците да започнат нов живот.

Полицијата на Еџвотер во објава на Фејсбук соопшти дека истражителите веруваат дека станува збор за семејна трагедија.

Полицајците се обиделе да стапат во контакт со осомничениот за да преговараат, пред тим за специјални операции да упадне во зградата, но во канцелариите го пронашле напаѓачот и уште две лица без знаци на живот, се вели во соопштението.