СЗО: Бројот на случаи на коронавирус во светот надмина 580 милиони

Сподели со своите пријатели

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 580 милиони, а бројот на починати надмина 6,41 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Бројот на потврдени случаи е зголемен за 1.736.720 од 5 август, а бројот на починати е зголемен за 2.742, пренесе ТАСС.

Статистиката на СЗО се базира на официјално потврдени податоци од земји ширум светот.

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (90.706.508), Индија (44.161.899), Бразил (33.924.061), Франција (33.061.414) и Германија (31.228.322).

Најголем број на смртни случаи се пријавени од САД (1.021.995), Бразил (679.275), Индија (526.730), Русија (382.786) и Мексико (328.006).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина