Турција: Германија не е непристрасна кон Грција

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Германија ја загубила својата непристрасна улога во посредувањето меѓу Турција, Грција и Кипар, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

„Сакаме Германија да ја задржи својата урамнотежена позиција по прашањето за Источниот Медитеран и Егејското Море“, рече турскиот министер за надворешни работи на прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Истанбул.

Тој додаде дека Берлин мора да ги слуша двете страни без предрасуди.

„Трите земји, вклучително и Германија, не смеат да бидат алатка за провокација и пропаганда, особено Грција и страната на кипарските Грци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведскиот премиер: Пукањето во училиште е најлошото во историјата на земјата

Истражување на Источниот Медитеран

Баербок претходно во Атина рече дека е важно членките на НАТО да ги решат своите спорови преку дијалог, мислејќи на Турција и Грција.

Двете земји долго се расправаат за голем број прашања, од барањето права на ресурсите во Медитеранот, до воздушниот простор и миграцијата.

 Грција и Кипар во четвртокот ја обвинија Анкара дека ги поттикнува тензиите додека се подготвува да испрати брод во Медитеранот во септември за да бара гас во морското дно.

Грција и Турција беа блиску до конфликт во 2020 година, бидејќи Турција испрати истражувачки брод во спорните води во Средоземното Море.

Loading...

Разговорите продолжија минатата година по петгодишен прекин во обид да се решат споровите во Средоземното Море и други билатерални прашања. Но, тие не напредуваа многу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени