Лавров: Верувам дека ситуацијата околу Тајван нема да се влоши

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека Москва претпоставува дека нема да бидат преземени никакви активности кои би можеле да доведат до влошување на ситуацијата околу Тајван.

Loading...

Лавор истакнува дека ставот на Москва за обединета Кина останува непроменет.

„Тие повремено го изразуваат истиот став во САД, но во пракса, како што разбирате, нивните постапки не се совпаѓаат со нивните зборови“, рече Лавров, пренесе Тас.

Тој нагласи дека Русија нема проблем да го почитува кинескиот суверенитет. „Претпоставуваме дека нема провокатори кои би можеле да ја влошат ситуацијата во однос на Тајван“, додаде Лавров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билансот на масакрот во Шведска: 11 мртви

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг, по најавената посета на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван, што ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.